ВИДЕО | Ова се трите најгледани настапи од првото полуфинале на Евровизија 2025: Фавотирите не се меѓу нив
Првото полуфинале на Евровизискиот натпревар се одржа вчеравечер во Базел, Швајцарија. Се натпреваруваа 15 земји, од кои 10 стигнаа до финалето, а настапија и трите земји кои имаат директен пристап до финалето – Италија, Шпанија и Швајцарија.
Препорачано
Сите настапи беа објавени на „Јутјуб“ веднаш по завршувањето, а една земја убедливо води по бројот на прегледи. Станува збор за Полска, претставена од Јустина Стечковска со песната „Гаја“. Нејзиниот настап собра 930.000 прегледи до 15 часот.
Втората најгледана изведба има двојно помалку прегледи. Тоа е претставникот на Естонија, Томи Кеш, кој се натпреваруваше со песната „Еспресо макијато“. Неговиот настап има 495 илјади прегледи.
Третиот најгледан настап од првото полуфинале им припадна на Украинците, претставувани од Зиферблат со песната „Bird of Pray“, за која имаат 320 илјади прегледи.
Сепак меѓу најгледаните настапи, не се главните фаворити на натпреварот, групата „KAJ“ кои ја претставуваа Шведска со песната „Bara Bada Bastu“.
За потсетување, привите полуфиналисти кои ќе настапат на главната финална вечер на 17 мај се:
Норвешка
Албанија
Шведска
Исланд
Холандија
Полска
Сан Марино
Естонија
Португалија
Украина


