Ова се последните зборови на Шенка и Ѓорѓи Колозов пред тој да почине во 2003 година
Емотивна била последната заедничка сцена на Ѓорѓи и Шенка Колозови во 2003 година, пред да почине познатиот актер. Ни двајцата не можеле да претпостават дека никогаш повеќе нема да ги делат сцената и секојдневието.
Препорачано
„Фотографија од нивната последна заедничка сцена (царот, сторен тебдил, разговара со една мајчичка). Кој би рекол дека токму ова ќе биде крајот?!“, пишува на Фејсбук-страницата „Ѓорѓи Колозов“.
„Ѓорѓи и Шенка во својот најпоследен дијалог – во легендарната, култна и незаменлива серија на сите времиња ‘Македонски народни приказни’, серија што со децении беше и е дел од колективната меморија на македонскиот народ. Континуирано се снимаше и емитуваше цели 19 години, сè до заминувањето на Царот.
Сцената е од последната македонска приказна, ‘Двајцата браќа на правина в зандана’, од 2003 година, во режија на Драган Велјановски. По оваа приказна – молк. Со заминувањето на Царот, се стави и точка на приказните.
Заврши една ера. Заврши една серија што со иста популарност цели две децении ги освојуваше срцата на гледачите.
Ако не се случеше неговата прерана смрт, кој знае уште колку незаборавни приказни ќе имавме?
Недостига неговата појава. Неговиот глас. Неговото присуство. Имаше само 55 години и огромна желба за живот и творештво. Почивај во мир, честити Царе. Нема никогаш да бидеш заборавен.
Текст и фото: Горан Марковски“, напишал администраторот на оваа страница, кој го чува ликот и делото на Колозов и на други познати македонски актери.
Под новата слика на оваа страница е напишано: „Како изгледал ЦАРОТ во 1979 година, пред да стане екстра славен и популарен! Со црна коса и брада, но со истата препознатлива насмевка. Во вакво издание малкумина го паметат… но само по некоја година ги започна приказните и оттогаш ни стана чест гостин во домовите! Ѓорѓи Колозов сликан за ‘Екран’ – 1979 година“.
Откриени детали од животот на Ѓорѓи и Шенка Колозови, еден ден пред нејзиниот 79. роденден


