Ова се најскапите градови во светот: На листата се најде и Скопје

Замислете да платите 215 долари за такси, вечера, кино и безалкохолен пијалок. Сега замислете го животот во Цирих …

Со оглед на цената на храната, алкохолот и цигарите, потрошниот материјал за домаќинството, обувките и облеката, личната нега, транспортот, забавата, стапките и сметките, направен е список на најскапите градови за живеење во 2019 година.

Цирих е прогласен за најскап европски град во кој можете да го јадете најскапиот „Биг Мек“ кој е двапати посакап во однос на најголемиот дел од другите градови на оваа листа. Во Лондон се потребни повеќе пари за да гледате филм во кино.

Сепак, убедливо најскапи се азиските градови, со Кина на врвот, покажува истражувањето на „Mercer“.

На листата се наоѓаат 209 градови, а Скопје се најде на 201. место. Во регионот македонската престолнина е најевтина од сите, а Загреб (143) и Љубљана (142) се најскапи, а по нив се Софија (177), Белград (181) и Сараево (194).

10 најскапи градови во светот:

1. Хонг Конг – Кина

2. Tокио – Јапонија

3. Сингапур

4. Сеул – Јужна Кореја

5. Цирих – Швајцарија

6. Шангај – Кина

7. Ашхабад – Турмекистан

8. Пекинг – Кина

9. Њујорк – САД

10. Шенжен – Кина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот