Ова се најдобрите 10 европски дестинации за одмор со деца
Експертите од туристичкиот ланец „ТУИ“, специјализирани за семејни патувања, анализирале повеќе од 150 европски крајбрежни дестинации за да утврдат кои се најсоодветни за одмор со деца. При рангирањето ги земале предвид бројот на тематски паркови, аквариуми, слаткарници, игралишта, водени паркови и зоолошки градини, како и временските услови, по што составиле листа на најдобрите дестинации за 2026 година.
Препорачано
1. Лисабон, Португалија
Лисабон е на првото место со оценка 9,16 од 10, благодарение на комбинацијата од 17 паркови и 37 семејни хотели на површина од 10 квадратни километри. Со просечна температура од 23 степени, времето е пријатно за престој. Децата можат да уживаат во океанариумот, игралиштата покрај реката или во слатките задоволства, додека родителите можат да комбинираат плажа, бродски излети и културни тури.
2. Наполи, Италија
Наполи е на второто место со оценка 9,12 од 10 и просечна летна температура од 25,2 степени. Градот нуди бројни излети, паркови и атракции – од базени и историски замоци до блиските острови. Одличен избор за комбинација од култура, игра и одмор.
3. Порто, Португалија
Порто го зазема третото место со оценка 9,01. Со многу паркови и семејни хотели, како и голем број активности, градот овозможува лесно комбинирање прошетки покрај река, плажа и културни содржини за целото семејство.
4. Катанија, Италија
Катанија на Сицилија има оценка 8,99 и просечна температура од околу 26,7 степени. Нуди помирна атмосфера, со доволно паркови, хотели и излети – идеална за семејства кои сакаат сонце, плажа и култура во помал град.
5. Барселона, Шпанија
Барселона се издвојува со најголем број туристички активности меѓу првите 10 дестинации. Децата можат да ги истражуваат Паркот Гуел, Саграда Фамилија и плажата Барселонета, додека родителите уживаат во богатата културна и гастрономска понуда.
6. Родос, Грција
Родос има една од највисоките просечни летни температури (околу 27,6 степени) и висока оценка. Познат е по прекрасните плажи, меѓу кои се издвојува Цамбика, омилена кај семејствата поради опуштената атмосфера.
7. Пафос, Кипар
Пафос нуди одлични услови за семеен одмор, со многу хотели и пријатна медитеранска клима. Идеален е за сончеви и релаксирани одмори со деца.
8. Лимасол, Кипар
Лимасол е популарна крајбрежна дестинација со топло време и разновидни содржини. Децата можат да уживаат во игралишта и активности, додека родителите имаат избор од плажи и ресторани.
9. Сиде, Турција
Сиде, на јужниот брег на Турција, нуди одличен баланс помеѓу одмор и култура. Со многу хотели, убави плажи и историско старо јадро, е идеален за семејства.
10. Мармарис, Турција
Мармарис ја затвора листата со топло време и богата туристичка понуда. Семејствата можат да комбинираат плажа, бродски излети и водени активности, со многу можности за сместување и рекреација.


