Ова мора да го знаете ако често имате вртоглавица…

Profimedia
Фото: Профимедиа

Една од честите причини за вртоглавици претставуваат заболувања на внатрешното уво: отитис, Мениерова болест, морска болест.

Тие доведуваат до бенигна пароксизмална позициска вртоглавица (еден од најчестите облици), карактеристична по кратки епизоди од мал до јак интензитет. Во таквите моменти ви се чини како предметите да се вртат во круг.

Постојат неколку причини:

– нарушување на крвотокот во мозокот, најчесто поради атеросклероза на крвните садови, дехидрација, срцева аритмија и други болести

–  пречекорување на дозата на некои антидепресиви, седативи, лекови за епилепсија и смирување грчеви, како и оние за регулирање на крвниот притисок;

–  анемија, потрес на големиот мозок, панични напади, мигрена, хипогликемија, депресија и невроза.

ТРИ СТЕПЕНИ НА ИСПИТУВАЊЕ

–  Посета на невролог, кој ќе направи преглед, а по потреба и вестибуларни тестови (откривање проблеми со центарот за рамнотежа).

– Видеонистагмографија – метод на испитување што овозможува дали причина за вртоглавиците се заболувања на внатрешното уво.

–  Магнетна резонанца на големиот мозок, заради исклучување на патолошките состојби на неговите структури што можат да го предизвикаат овој синдром.

ЧАША ВОДА + ГИМНАСТИКА

Спасоносен метод при ненадејна вртоглавица е пиење чаша вода, понекогаш и две, а потоа спуштање во лежечка положба без нагли движења.

По советување со лекар, можете да правите вестибуларна гимнастика – двапати дневно со пауза од осум часа, полека, со постепено зголемување на оптоварувањето. Лекувањето трае два месеца.

ПРИМЕРИ ЗА ВЕЖБИ

  1. Застанете право и спуштете ги рацете. Подигнете се на врвовите на прстите и подигнете ги рацете. Полека вратете се во почетната положба. Вежбата повторете ја од пет до десет пати.
  2. Стоејќи на една нога, трудете се да ја зачувате рамнотежата.
  3. Во истата положба зафрлете ја едната нога наназад, држејќи го грбот паралелно со подот.
  4. Истото тоа повторете го со затворени очи.
  5. Одете по греда напред-назад или искористете банкина за тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот