Ова ќе биде главниот ретро аксесоар за летната сезона! (ФОТО)

Профимедиа

Пластичната штипка за коса е неопходно нешто ова лето! Минатото лето на сцената се врати со ревијата на Александар Венг во предимензионален футуристички фазон, а сега убаво се прилагоди како еден од главните (ретро) аксесоари за ова лето и тоа во секојдневен непретенциозен облик.

View this post on Instagram

?

A post shared by Frida Vega Salomonsson (@fridavega) on

Секако, не постои време кога не можеле овие штипки да се купат било каде. Дали ги имаме некаде фрлено во соба или ни стојат во бањата, тие се секогаш тука. Сега, поради некоја причина имаме желба да ги покажуваме и во јавност. Веројатно се работи за налет на носталгија и карантинот како катализатор, но наеднаш некако добро ни изгледаат покрај сите предимензионални дуксери, блузи и кратки маички на прерамки. Едни од познатите девојки кои го негуваат овој тренд се и Бела Хадид, Кендал Џенер, Хејли Балдвин Бибер и Каја Гербер.

Тоа што не може да се негира е фактот дека тие навистина совршено го надополнуваат лежерниот стајлинг. Сакате минимализам? Секое одело ќе изгледа подотерано со пунџа која е прицврстена од пластична штипка во дезен на желка или во црна боја.

Ретро? Пастелот е вашиот најдобар сојузник, евентуално и некој цвет на штипката.

Максимализам? Постојат огромен број на штипки украсени со бисери и различни камења. Пластичната штипка е насекаде и во полн сјај!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот