Ова е вашата супермоќ според хороскопскиот знак

unsplash
Херој лего, Фото: Unsplash

Секој од нас посакал да биде суперхерој, а според хороскопот еве која е вашата супермоќ.

Овен – Неограничена енергија

Она што би можело да ги дефинира припадниците на овој знак како суперхерои е дефинитивно нивната неограничена енергија. Кога имаат цел која навистина им е важна, одеднаш можат да дејствуваат „побрзо од куршум“, не мора да спијат, не им текнува ниту да јадат, сè ќе направат за да го добијат она што го сакаат.

Бик – Суперсила

Изреката „силен како бик“ постои со причина и ако припадниците на овој знак би имале само една моќ, таа сигурно би била суперсила. Ова не се однесува само за физичката сила, туку и за емоционалната, бидејќи Бикот може да издржи предизвици и да се справи со тешките ситуации подобро од сите други членови на Зодијакот.

Близнаци – Апсорбирање информации

Она што е фасцинантно кај Близнаците е тоа што можат да апсорбираат многу податоци за кратко време. Нивната ментална енергија и капацитет на мозокот се вистинско чудо.

Рак – Моќ на емпатија

Ако припадниците на овој знак имаа моќ, тоа дефинитивно ќе биде способноста за неверојатна емпатија. Тие можат да ги сфатат и разберат скоро сите човечки мотиви околу себе и можат да се поврзат со целосниот спектар на емоционални состојби. Покрај луѓето, тие лесно можат да воспостават врска со растенија и животни.

Парада на суетите: Овие хороскопски знаци знаат да бидат малку „незгодни“

Лав – Господар на огнот

Моќта што ја добиваат од Сонцето, заедно со нивниот темперамент, ги прави припадниците на овој знак господари на огнот. Тие можат да ги заштитат своите најблиски и да ги „изгорат“ непријателите ако им се приближат.

Девица – Човечко торнадо

Во светот на суперхероите, брзината и интензитетот што го имаат припадниците на овој знак би ги претвориле во човечко торнадо. Тие размислуваат пет чекори напред и знаат да внесат конфузија во својата околина. Доаѓаат како торнадо и си заминуваат пред некој да сфати што сакаат, но секогаш го добиваат она за што дошле.

Вага – Менување на формата

Вагите имаат неверојатна моќ на адаптација и како суперхерои, припадниците на овој знак би имале моќ да ја менуваат формата. Тие можат да се прилагодат на луѓето, околината, ситуациите и поради нивната моќ можат да го доживеат животот преку различни позиции и форми.

Скорпија – Читатели на души

Никој не може да чита нечија душа како што можат Скорпиите – тоа би била нивната супер моќ. Поради нивната аналитичност, логично расудување и перцепција, со само еден поглед можат да видат подобро од сите други, што чувствува другиот, што го повредува и каков е „внатрешно“.

Голем неделен хороскоп (18 април – 24 април): Одличен период за Биковите, Стрелците ќе бидат ефективни…

Стрелец – Детектор на лаги

Припадниците на овој знак многу лесно можат да ја извлечат вистината од некого и нивната супер моќ би била да откриваат лаги. Тие се во состојба да ги извлечат дури и најскриените тајни од своите соговорници со ситни манипулации и да разберат кои се нивните вистински намери.

Јарец – Управувач на мисли

Тие имаат огромна ментална сила и истрајност благодарение на тоа што можат да управуваат со другите и нивните одлуки. Нивната супер моќ би била контрола на умот. Со различни тактики, можат да го наметнат своето мислење на другите и да ги натераат да прават што и да замислиле.

Водолија – Невидливост

Во светот на суперхероите, нивната моќ би била невидливост. Способноста да исчезнат од некои ситуации што не им одговараат е едноставно зачудувачка. Поради нивната моќ, тие би можеле непречено да патуваат низ светот и да доживеат неверојатни ситуации.

Риби – Креатори на светови

Способностите на Рибите за сонување се неспоредливи и во светот на суперхероите тие би биле тие што ќе можат да создадат нови светови со својата имагинација. Таа моќ ќе им даде можност да бидат владетели на световите на фантазијата.

3 хороскопски знаци со кои не можете да се расправате: Избегнуваат конфликт по секоја цена

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот