Ова е најсмешно наместениот кошаркарски натпревар во историјата: За седум минути постигнаа само три случајни поени (ВИДЕО)

Натпреварот заврши со резултат 82:65 во корист на Арсенал, но неверојатно делува податокот дека во последните седум минути беа постигнати само три поени, и тоа случајно со шут од табла на еден гостински кошаркар.

Трагикомичната завршница во Тула во последните седум минути донесе девет промашени слободни фрлања и дури 13 загубени топки. Покрај тоа, екипите пет пати не го искористија времето за напад, а два пати не беше исфрлена топката од аут за пет секунди. И шутевите кон кошот не беа прецизни, Арсенал ги промаши сите пет шута, додека Динамо имаше едно промашување од два шута.

На крајот двете екипи беа испратени со свирежи, а истражните органи најавија детална истрага за „местенката“. Засега Руската кошаркарска федерација го исфрли Арсенал Тула од втората лига, а се суспендирани неколку кошаркари, додека тренерот Виктор Усков доби забрана за работа до 31 декември 2021 година. Интересно е што кошаркарите на Динамо поминаа само со укор.

Трагикомичната завршница од натпреварот може да ја погледнете на овој ЛИНК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот