ФОТО | Најретката боја на очи: Ја имаат светските убавици, меѓу кои и славната Елизабет Тејлор

Фото: Принтскрин/Pxhere

Според спроведеното истражување, виолетовите очи постојат од повеќе причини: мутации, воспаление во внатрешноста на окото или поради албинизам

Наследната шема на очите е сложена. Бојата на очите ја одредуваат бројни гени кои „комуницираат“ меѓу себе, а бојата на очите на детето се одредува според бојата на родителите или членовите на семејството. Понекогаш генетските мутации може да предизвикаат некој да има различна боја на очите од другите членови.

Малку се знае за жените со оваа ретка и убава боја на очи. Најпознатата жена со виолетови очи беше актерката Елизабет Тејлор. Според спроведеното истражување, виолетовите очи постојат од повеќе причини: мутации, воспаление во внатрешноста на окото или поради албинизам.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by AngelinaAurman (@angeltaylor_r)

Во продолжение ви донесуваме шест можни причини за виолетови очи:

Меланин

Меланоцитите лачат меланин, кој реагира со сончевата светлина и создава потемен тен. Меланоцитите во очите на новороденчето не се целосно развиени. Бојата на ирисот се менува како што детето расте. Повеќето бебиња се раѓаат со кафеави очи, а некои деца сè уште се раѓаат со сиви или сини очи, но бојата може да се смени со текот на животот.

Хетерохромија

Хетерохромијата е состојба во која бојата на очите е различна. На пример, едното око може да биде кафеаво, додека другото зелено. Причината сè уште не е позната.

Тумор на окото

Туморите на ирисот обично немаат симптоми, иако туморот на окото може да ја промени неговата боја.

Албинизам

Албинизмот е генетска болест во која телото произведува малку или воопшто не произведува меланин. Во овој случај, може да се има виолетови очи.

Фото: James Vaughan/ Flickr

Генетика

Очите можат да бидат сиви или сини. Ако се роди бебе чија мајка има сиви очи, а таткото сини очи, веројатно е дека бебето ќе има една од тие две бои или комбинација.

Фукс синдром („Fuchs’ dystrophy“)

Тоа е состојба во која различни делови на окото се воспалуваат. Експертите веруваат дека во некои случаи оваа состојба може да резултира со промена на бојата на очите. Ова воспаление може да им даде на очите сина или виолетова боја.

Што е Александриски синдром?

Александрискиот синдром е медицински мит во кој едно лице, покрај другите симптоми, има виолетови очи.

Не постои научен доказ за поддршка на симптомите наведени овде, но врз основа на историските теории, луѓето со Александриски синдром имаат:

– Совршен вид, многу светла кожа, која за чудо не гори на сонце. Темнокафеава коса, иако немаат влакна на телото.

– Жените со оваа состојба немаат менструален циклус, но се плодни и можат да имаат деца.

– Луѓето со оваа состојба имаат многу силен имунолошки систем, па затоа ретко се разболуваат.

– Се верува дека имаат совршено избалансиран метаболизам, поради што не се дебелеат.

– Очекуваниот животен век е помеѓу 120 и 150 години.

Напоменуваме, имајте предвид, не постои научен доказ за да се потврди дека овој мит постои!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот