Отворена прекршочна процедура против Кипар и Малта за продавање ЕУ пасоши

Европската Комисија соопшти дека денеска се отворени прекршочни процедури против Малта и Кипар за предметот „златни пасоши”, јави дописничката на МИА од Брисел.

Европската Комисија им испрати писма на владите од двете земји со прашања на кои тие треба да одговорат во рок од два месеца, по што Комисијата ќе одлучи дали е задоволна од одговорите и дали треба да се активира втората фаза од процедурата која може да заврши пред Европскиот суд за правда.

Европската извршна власт смета дека шемата „златни пасоши”, која им овозможува на граѓани од трети земји да добијат кипарски или малтешки пасош, односно ЕУ државјанство, со плаќање или со инвестирање, не е согласно начелата на повелбите на ЕУ, поточно членот 4 (3) од Повелбата на ЕУ, како и членот 20 од Повелбата на функционирање на ЕУ, кој се однесува на ЕУ државјанство.

Принципот на доделување на ЕУ пасош на инвеститори ја загрозува Унијата со оглед на тоа што со поседување на ЕУ државјанство граѓанинот добива права да патува, работи и живее во која било земја на ЕУ, а се здобива и со право на глас на локални избори и на изборите за Европскиот Парламент.

Малта и Кипар дозволуваат купување на ЕУ пасош или преку директно плаќање или преку значајна инвестиција во нивната земја веќе неколку години. Иако условите за доделување државјанство е национална компетентност на земјите членки, Европската Комисија смета дека тоа мора да биде ограничено на безбедноста и интегритетот на Европската Унија, врз основа на што е легално оправдано да се отвори прекршочна процедура, смета извршната власт на ЕУ.

Слична шема е детектирана и во Бугарија. Европската Комисија испратила писмо и до оваа земја за подетални објаснувања. 

(Извор.МИА)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот