Отворен повик за 12. издание на ЛИДЕР проект: Врвна програма за бизнис-образование во Македонија

Македонија 2025 го објави отворениот повик за ЛИДЕР проектот, кој по 12-ти пат ќе се одржи во Скопје од 6 до 17 мај во соработка со реномираната „Ivey School of Businessод Канада. ЛИДЕР проектот претставува целосно бесплатна десетдневна програма за бизнис-образование, која ги поттикнува македонските претприемачи да развијат локални бизнис-решенија што ќе создадат нови можности за општествен развој.

Преку работа на реални случаи, претприемачите ќе имаат можност да се стекнат со вештини од областа на финансии, маркетинг, стратегија, лидерство и развој, како и целосно да го развијат чувството за бизнис. На повикот може да се пријават менаџери, сопственици на компанија, претприемачи и млади професионалци од бизнис-сферата.

Инструкторите на ЛИДЕР проектот доаѓаат од канадската „Ivey School of Business, а на пријавените кандидати ќе им помогнат да воведат новитети во работењето на нивниот веќе постоечки бизнис или пак да ги претворат своите идеи во успешни бизниси на пазарот.

Повикот е отворен до 10 април 2019 година. Повеќе информации за критериумите и начинот на аплицирање ќе најдете на официјалниот отворен повик достапен ОВДЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот