Отворен пешачкиот мост никнат од конструкцијата за скопското панорамско тркало

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, на неговиот фејсбук-профил информираше дека денеска  е пуштен во употреба пешачкиот мост меѓу Камениот мост и мостот Гоце Делчев кој ќе ги поврзува еврејското маало со сквер Јадран и градскиот плоштад.

– Овој мост според замислите на нашите претходници требаше да биде ултра скапо, 50 метри високо панорамско тркало со стопи во коритото на Вардар, кое фрла огромна сенка врз центарот на градот. Овој мост не требаше да го шетаат поминувачите низ центарот на градот, туку само да служи како рампа за пристап до панорамското тркало. Панорамското тркало го градеше ЈСП (со пари од АЕК) и требаше да биде досега најголемата инвестиција на сообраќајното претпријатие. Поголема од било која досегашна набавка на автобуси. Требаше да чини 20 милиони евра пари на граѓаните со кои можеа да се купат уште најмалку 70 еко-автобуси на гас како оние што ги набавивме годинава, истакна Шилегов.

Тој додава дека со тоа што е изграден мост, наместо тркало, спасена е половина од таа сума.

– Мој предлог до советничката група на ВМРО ДПМНЕ во Град Скопје: зошто не пресметате колку амбулантни возила се тоа. посочува градоначалникот на Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот