Отруена е Алис, белгискиот овчар кој спасуваше луѓе по земјотресот во Петриња: „Ми умре во прегратка“

facebook

Тригодишната Алис, белгискиот овчар обучен за спасување луѓе од урнатините угинала од последици на труење.

По првиот потрес во Петриње, таа и нејзиниот сопственик биле на улиците на градот истата вечер.

Не се сомневам во никого бидејќи Алис беше миленичка на целото место. Не знаеме ни со што е отруена, освен дека ѝ немаше спас. Ми умре на рацете синоќа, крв на устата и носот и адио. Ми умре во прегратка“, изјави нејзиниот сопственик Срџан Ботица за Дубровачки вјесник.

„За жал, животот го изгуби кучето кое можеше да спаси многу луѓе, а токму пради некој од нив и угина. Предвидената казна за труење, според Казнениот закон, изнесува една година.“, вели Ботица, кој ја удомил Алис кога имала седум месеци, спасувајќи ја од претходниот сопственик кој ја држел затворена во бокс четири месеци.

Кога дојде во Слано, ја однесов на море. Веднаш скокна во морето. Го обожаваше морето, децата, сите… Се надевам дека постои рај и дека таа сега прави неред горе“, рече потресениот сопственик на Алис.

facebook

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот