• петриње

Нов земјотрес со јачина од 2,9 степени по Рихтер го тресе Петриње

Нов земјотрес е регистриран утрово во Бановина. Според ЕМСЦ, тоа било на 9 километри југозападно од Сисак, а јачината на земјотресот била 2,9 степени по Рихтер. Земјотресот се случи во 9:03 часот, и се почувствува во областа Петриња и Сисак.