Откриено со што e погребана: Најомилените парчиња накит отидоа со кралицата на вечна починка

Фото: Скриншот/Јутјуб

Британската кралица Елизабета Втора е сопственичка на огромна колекција накит, една од најголемите во светот. Приватната колекција на кралицата, инаку, содржи околу 300 парчиња накит: вклучувајќи 98 брошеви, 46 ѓердани, 34 пара обетки, 15 прстени, 14 часовници и пет привезоци. Сето ова богатство се чува во галеријата на кралицата во Бакингемската палата. Од нејзината смрт, многумина се прашуваа каква ќе биде иднината на таа бесценета колекција. Поголемиот дел ќе биде јавно изложен во лондонската Кула, додека остатокот ќе продолжи да се пренесува од генерација на генерација во семејството Виндзор. Сепак, некои од парчињата накит, оние лично најдраги на долговечната владетелка, одат со неа на вечниот починок во меморијалната капела на кралот Џорџ Шести, во замокот Виндзор.

Кралица Елизабета Втора / Фото: EPA-EFE/BUCKINGHAM PALACE HANDOUT

Новинари од британскиот магазин „Хелоу!“ разговарале со експертката за скапоцени камења, гемолог Александра Мишел, која рекла дека кралицата сигурно ќе биде погребана со некои од нејзините омилени украсни предмети и предвидела кои предмети ќе бидат тоа.

Изработен од едно парче чисто велшко злато од рудникот Clogau St. David венчалниот ѝ припаѓал на мајката на кралицата Елизабета Втора, кралицата мајка, кога се омажила за кралот Џорџ Шести во 1923 година, а потоа ѝ бил даден на Елизабета кога се омажила за принцот Филип во 1947 година. Така, тоа станало дел од традицијата во кралското семејство . Кралицата го носела цело време. Се вели дека на него била напишана тајна порака од војводата од Единбург, принцот Филип, до неговата млада сопруга.

Главните обетки во кутијата за накит на кралицата, толку омилени што настојувала барем еден пар да им подари на сите жени од кралското семејство. Оригинално уште еден свадбен подарок, кој ѝ го подарила нејзината баба кралицата Мери. Нивната едноставност е нивната сила, бисер под еден дијамант може да се носи во најразлични прилики, токму како што тоа го правела Елизабета Втора.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by British Vogue (@britishvogue)


Нејзиниот прв бисер ѓердан се состоел од тенко платинесто ланче за кој нејзиниот татко, кралот Џорџ Шести, ѝ подарил по два бисери за секој роденден. Потоа на тие бисери беа додадени доволно монистра за кралицата да го добие првиот бисерен ѓердан од три низа. Оттогаш, таа го носела ланчето во многу прилики. Кралицата отсекогаш била потсетник на нејзиниот обожаван татко, кој го наследила на тронот по неговата смрт во 1952 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by British Vogue (@britishvogue)


Вредноста на овие парчиња во емотивна смисла, поради нивното приватно значење е бесценета, но експертката вели дека слични примери кога би се појавиле на пазарот би биле проценети на 85.000, 115.000 и 285.000 евра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by British Vogue (@britishvogue)

Кралицата Елизабета Втора беше цели 70 години на тронот иако немаше формално образование

Ниту еден цвет на ковчегот на кралицата не е случаен и открива многу за кралот Чарлс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот