Откриени ужасни детали — пејачот Бурк ѝ го отсекол прстот на убиената тинејџерка на кој го имала истетовирано неговото име
Американскиот пејач Дејвид Бурк, познат како „Ди-фор-ви-ди“, осомничен за убиство на тинејџерката Селест Ривас Хернандез, неодамна беше префрлен во Машкиот централен затвор во округот Лос Анџелес.
Препорачано
Според новото, шокантно обвинение во случајот за убиство што ја потресе јавноста, се вели дека пејачот го распарчил телото на 14-годишно девојче со моторна пила што ја купил една недела откако го убил, ампутирајќи го прстот на девојчето на кој бил истетовирано неговото име за да „се дистанцира од жртвата“, пренесува „Еј-би-си њуз“.
Дејвид се изјасни за невин, а и неговите адвокати тврдат дека е невин.
Распарченото, распаднато тело на тинејџерката беше пронајдено во септември 2025 година во неговиот автомобил „тесла“ на автоградилиште во Холивуд, соопшти полицијата. Главата и торзото биле во вреќа за тела, а екстремитетите биле во вреќа за ѓубре во предниот багажник на автомобилот.
Во поднесок од девет страници, обвинителите открија вознемирувачки детали, тврдејќи дека пејачот ја намамил Ривас Хернандез во неговиот дом во Холивуд Хилс неколку месеци претходно со однапред смислен план да ја убие затоа што таа му се заканила дека ќе ја разоткрие нивната сексуална врска и ќе му ја уништи музичката кариера. Тие велат дека потоа го распарчил нејзиното тело и го оставил да се распаѓа во неговиот автомобил.
Според обвинителството, двајцата наводно започнале сексуална врска во 2023 година, кога Ривас Хернандез имала само 13 години, а Дејвид 18, а ја прекинале во ноември 2024 година. Се верува дека тие ја продолжиле својата сексуална врска, а Ривас станала љубоморна на врските на Дејвид со други жени.
СМС-пораките меѓу двајцата наводно откриваат дека за време на расправија на 22 април 2025 година, Ривас Хернандез „станала исклучително вознемирена и се заканила дека ќе открие штетни информации за нејзината врска со обвинетиот со цел да му ја заврши кариерата и да му го уништи животот“.
Обвинителите велат дека пејачот ја поканил тинејџерката во својот дом следниот ден, нарачувајќи ѝ такси од нејзиниот дом во езерото Елсинор.
– Знаејќи дека морал да ја замолчи жртвата пред таа да му ја уништи музичката кариера, како што се заканила, многу кратко откако пристигнала во неговиот дом, обвинетиот ја избодел жртвата неколку пати и стоел настрана додека таа крвавела до смрт – напишале обвинителите.
Тие веруваат дека Ривас Хернандез била убиена на 23 април 2025 година, два дена пред објавувањето на деби студискиот албум на Дејвид, кога престанала целата активност на нејзиниот мобилен телефон.
Американски пејач е уапсен под сомнение за убиство на тинејџерка која исчезна во 2024 година


