Откриени тајни телефонски разговори на Берлин и Вашингтон, Трамп ѝ рекол на Меркел „глупава“

Во извештајот исто така се инсинуира дека таквото однесување на Трамп се одразило и врз другите лидерки, вклучувајќи ја и Тереза Меј, поранешната британска премиерка.

Германски официјални лица биле многу шокирани од агресивните разговори на претседателот на САД Доналд Трамп со канцеларката Ангела Меркел па нивните повици ги држеле во тајност, дознава Си Ен Ен од свои извори.

Трамо во разговорите со германската канцеларка ја омаловажувал насилно на „речиси садистички начин“, рече Карл Бернстин, новинар познат по извештајот за аферата Вотергејт.

„Некои работи кои ѝ ги рекол на Ангела Маркел едноставно се неверојатни. Ја нарекол и глупава“, велат извори.

Групата функционери делегирани за следење на телефонските разговори на Меркел со Трамп е намалена, па сега тие повици ги следат многу мал број на луѓе, а главна причина е што тие се многу проблематични, вели германски фунционер за Си Ен Ен.

Трамп лошо се однесувал и кон другите лидери

Истиот функционер рекол дека разговорите на Трамп со Меркле се посебно необични поради преземањето дополните чекори за да останат тајни.

„Претседателот Трамп е преговарач од светска класа кој доследно ги поддржува американските интереси на светската сцена“, изјаваи земеник портпаролката на Белата Куќа Сара Метјус за Бизнис Инсајдер.

Портпаролите на германската влада не одговорија на наводите во извештајот на Си Ен Ен.

Во извештајот исто така се инсинуира дека таквото однесување на Трамп се одразило и врз другите лидерки, вклучувајќи ја и Тереза Меј, поранешната британска премиерка.

Однесувањето на американскиот претседател е опишано како „понижувачко“ откако ја нарекол „будала“ во врска со одлуките во надворешната политика, вели еден извор за CNN.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот