Џастин Балдони, Блејк Лајвли и Тејлор Свифт - Фото: EPA/Profimedia

Откриени шокантните пораки што Тејлор Свифт ѝ ги испраќала на Блејк Лајвли во судската битка против Џастин Балдони: „Овој кловн паѓа на сè“

Пораките што ги разменувале Тејлор Свифт и Блејк Лајвли се појавија во судските документи поврзани со правната битка меѓу Лајвли и актерот и режисер Џастин Балдони. Спорот настана околу филмот „Завршува со нас“ („It Ends With Us“), во кој двајцата ги толкуваат главните улоги, а Лајвли поднесе тужба против колегата обвинувајќи го за сексуално вознемирување и клевета, објави „Ен-би-си Њуз“.

Лајвли тврди дека Балдони ја вознемирувал сексуално и дека водел кампања за нејзино оцрнување во јавноста. Балдони ги негираше сите обвинувања и возврати со контратужба, наведувајќи дека Лајвли и нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс го исфрлиле од продукцијата на филмот. Тој исто така тврдеше дека актерката учествувала во текст објавен во „Њујорк тајмс“, кој го опиша како „дволичен обид да му ја уништи кариерата“.

Судот ја отфрли контратужбата во јуни 2025 година, а тимот на Балдони не поднесе жалба. Тужбата на Лајвли, пак, сè уште е во тек. Следното подготвително рочиште е закажано за 22 јануари, а судењето би требало да започне на 18 мај.

Според судските документи до кои дојде „ТМЗ“, објавени се пораките што Свифт ѝ ги испратила на Лајвли на почетокот на декември 2024 година, а кои се однесуваат на текстот за Балдони што тогаш требало да излезе во „Њујорк тајмс“. Во една од пораките, зборувајќи за Балдони, Свифт напишала:

„Мислам дека овој тип знае дека нешто доаѓа, па ја вади својата мала виолина“, алудирајќи дека се прикажува како жртва.

Во друга порака таа додала: „Да размислуваше стратешки, Џастин ќе кажеше дека во трејлерот нема Тејлор Свифт, затоа што тоа тебе ти дава поголема моќ над филмот – тоа е твој сојузник, не негов“.

Иако презимето во контактот било скриено, правниот тим на Лајвли потврдил дека станува збор за Тејлор Свифт.

За време на својот исказ, Лајвли изјавила: „Му го испратив сценариото на Тејлор додека доаѓаше кај мене, бидејќи Џастин сè уште беше во станот, и ја замолив да го прочита. Ѝ реков дека не мора, не сакав да чувствува притисок, но се надевав дека ќе го стори тоа“.

Од пораките се гледа дека Свифт била подготвена да направи „сè“ за својата пријателка. Подоцна, Лајвли ѝ напишала:

„Денес беше епски херојска. Му го раскажав на Рајан секој момент. Постојано ми се враќаа спомени“.

Потоа, осврнувајќи се на Балдони, додала: „Овој кловн паѓа на сè тоа. Но и се брани. Ти си апсолутно најдобрата пријателка на светот“.

Правниот тим на Тејлор Свифт соопшти дека пејачката не знаела дека Балдони бил присутен во станот и дека не зазела страна во спорот. Сепак, во посебна размена на пораки, Лајвли напишала дека се чувствувала како „лоша пријателка“, на што Свифт признала дека се „оддалечила“.

Неколку недели подоцна, Свифт ѝ испратила на Лајвли линк до вест дека Балдони бил отпуштен од својата агенција, со порака:

„Победи. Успеа. И им помогна на толку многу луѓе да не мора повторно да поминуваат низ ова“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот