Откриена темната страна на турските серии

Експрес

Сигурно секој од вас кој ја чита оваа статија гледа барем два турски серијали. А, она што ве тера да се најдете себеси во овие филмови е тоа што тие третираат семејни ситуации и со многу емотивност.

Но, сите кои ги следат овие серии во Турција останаа разочарани откако турската кинематографија ја изгуби својата оригиналност. Турскиот весник Olay откри дека всушност сите се адаптации на јапонски, латински и шпански теленовели.

Серијалот „Мајка“ беше многу гледан, но е адаптација на јапонска ТВ серија со ист наслов. И други турски теленовели што во моментот се емитуваат таму се со истото потекло: “Kadin“ (Жена), “Kizim“ (Мојата ќерка), “Bir litre gozyasi“ (1 литар солзи), итн., пренесува Експрес.

А пак турската теленовела „Забранета љубов“ го доби мотивот од шпанската теленовела со ист наслов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот