Романскиот режисер Кристијан Мунџиу со „Златната палма“ на Филмскиот фестивал во Кан/Фото: EPA/CLEMENS BILAN

„Фјорд“ на романскиот режисер Кристијан Мунџиу ја освои „Златната палма“ во Кан

Филмот „Фјорд“ (Fjord) на романскиот режисер Кристијан Мунџиу синоќа ја освои „Златната палма“ на 79-от Меѓународен филмски фестивал во Кан, објавија француските медиуми.

„Фјорд“ е европска драма што ги следи Михаи и Лизбет, конзервативен романско-норвешки пар кој се преселува од Романија во зафрлено норвешко село, каде што се соочуваат со истрагата од локалните власти и културните судири.

Мунџиу ја доби својата прва „Златна палма“ во 2007 година за филмот „4 месеци, 3 недели и 2 дена“.

Гран при наградата ја освои остварувањето „Минотаур“ на рускиот режисер во егзил Андреј Звјагинцев, додека наградата на жирито ја доби филмот „Сонуваната авантура“ на режисерот Валеско Гризебах.

Наградата за најдобра режија им припадна на Хавиер Калво и Хавиер Амбрози за филмот „Црната топка“ („The Black Ball“ (La Bola Negra)), како и на Павел Павликовски за филмот „Татковина“ (Fatherland).

Наградата за најдобра актерка ја добија Вирџини Ефира и Тао Окамото за улогите во филмот „Одеднаш“ (All of a Sudden).

Најдобри актери се Валентин Кампањ и Емануел Макија за нивните улоги во филмот „Кукавица“ (Coward).

За главната награда „Златната палма“ оваа година се натпреваруваа 22 филмови.

Претседател на жирито оваа година беше јужнокорејскиот режисер Парк Чан Вук, а во жирито беа американската актерка Деми Мур и кинеската режисерка Клое Жао.

Минатогодишниот добитник на „Златната палма“ беше иранскиот режисер и дисидент Џафар Панахи за „Тоа беше само несреќа“ (It Was Just an Accident), кој беше снимен во тајност.

Денеска се доделува Златната палма во Кан — критичарите годинава немаат јасен фаворит

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот