Откриена најголемата тајна за корона вирусот

Станува збор за мутација од два вируси способна да го нападне човечкиот организам.

Кинеските научници следејќи ги случаите со корона вирусот во Вухан, потеклото на вирусот и неговото пренесување и симптоми дошле до заклучок дека новиот корона вирус најверојатно е симбиоза од Сарс Ков – 2 и Сарс Ков. Се претпоставува дека основата на вирусот се секвенци од гени на Сарс Ков – 2, односно дека станува звор за молекула на RNA составена од околу 30 илјади бази кои содржат 15 гени, вклучувајќи го и S генот кој кодира протеин што се наоѓа на површината на вирусот.

Со споредба на анализите било востановено дека Сарс Ков – 2 припаѓа на групата бетакоронавирус и дека е многу близок до Сарс Ков, кој пак е одговорен за епидемија проследена со акутна пневмонија. Епидемијата од Сарс КоВ во земјата се појавила во ноември 2002 година во провинцијата Гуангдонг, а потоа истата се проширила во 29 земји во 2003 година

Тогаш биле регистрирани 8.098 случаи на зараза од кои 774 со смртен исход. Со научни истражувања било докажано дека главен преносител на Сарс КоВ бил лилјак од родот на Ринолофус и се претпоставува дека тогаш овој вид бил главниот осомничен за пренесување на вирусот на човекот.

По ова се изолирани голем број бетакоронавируси, најчесто кај лилјаци, но и кај луѓето.

Од добиените резултати при спроведените истражувања бил извлечен заклучокот дека главни носители на Сарс Ков и Сарс Ков – 2 се лилјаците, а особено оние од родот Ринолофус.

За да дојде до рекомбинирање на два различни вируси тие мора во исто време да инфицираат еден ист организам. За сега се уште не се знае во чиј организам е направена оваа рекомбинација, ниту пак условите под кои дошло до ваквото рекомбинирање на вирусите.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот