Ејс Фрејли, основачот на „Кис“ - Фото: Ross Pelton / imago stock&people / Profimedia

Откриена е причината за смртта на Ејс Фрејли, основачот на „Кис“

Oткриена e причината за смртта на Ејс Фрејли, основачот на бендот „Кис“, гитаристот кој почина на 16 октомври на 74-годишна возраст. Поранешниот гитарист на „Кис“ починал од повреди на главата добиени од тап предмет при пад, потврди мртовечницата на округот Морис, пренесува „Пипл“. Начинот на смртта официјално е прогласен за несреќа.

Семејството на Фрејли ја објави неговата смрт на 16 октомври во соопштение во кое се вели дека се „целосно скршени“.

Семејството во соопштението наведува дека музичарот, роден како Пол Фрејли, починал во Мористаун, Њу Џерси, по неодамнешен пад во својот дом. „ТМЗ“ претходно објави дека тој бил на апарати за одржување во живот поради крварење во мозокот предизвикано од пад неколку недели претходно.

„Целосно сме скршени. Во неговите последни моменти, имавме среќа да го опкружиме со љубов, топли зборови, молитви и мир додека го напушташе овој свет“, се вели во соопштението.

Тие продолжија: „Ги негуваме спомените на сите негови најдобри моменти, неговата смеа и ја славиме неговата сила и љубезност што ја делеше со другите. Сеќавајќи се на сите негови извонредни животни достигнувања, сеќавањето на Ејс ќе живее засекогаш!“

Фрејли, беше ко-основач на „Кис“ во 1973 година и го напушти бендот во 1982 година. По заминувањето, тој го формираше својот бенд, „Frehley’s Comet“, кој издаде два албума, и започна успешна соло кариера во 1978 година со истоимен албум кој стана платински.

 

Почина гитаристот на легендарната група „Кис“, им подлегнал на повредите по страшниот пад во неговото студио

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот