Откриена е позадината на големата израелска акција: „Веста за инвазијата беше стапица“

Во 40-минутен напад врз тунелската мрежа на Хамас во Газа во четвртокот вечерта, Израел уништи километарски тунели и се верува дека уби десетици борци на Хамас. Токму оваа акција, се надеваат во Израел, може да биде решавачката фаза на жестокиот конфликт што трае веќе пет дена.

Во 40-минутен напад врз тунелската мрежа на Хамас во Газа во четвртокот вечерта, Израел уништи километарски тунели и се верува дека уби десетици борци на Хамас. Токму оваа акција, се надеваат во Израел, може да биде решавачката фаза на жестокиот конфликт што трае веќе пет дена.

Синоќешното бомбардирање на Газа беше најголемиот израелски напад од интензивирањето на конфликтот во понеделникот.

На нападот, според израелската телевизија Канал 12, му претходела намерна измама во која израелските вооружени сили објавиле дека започнале копнена офанзива, што го натерало Хамас да ги испрати своите борци, вклучително и командантите, во тунелите. Кога израелските воздушни сили ги бомбардираа, тунелите се срушија на оние што беа внатре, соопшти телевизијата.

Приближно 160 авиони на израелската авијација беа насочени кон тунелите, мрежа што се протега десетици километри во северна Газа и околу градот Газа. Фрлени се вкупно 450 бомби со 80 тони експлозив, се вели во ТВ-извештајот.

Нејасно е колку оперативци на Хамас биле убиени, се вели во извештајот.

Командантот на воздухопловната база Неватим на ИАФ, Омер Тишлер, вели дека „ваквите активности, толку штетни за непријателот, веројатно ќе го натераат непријателот да запре“.

„Во секој случај, ние ќе продолжиме се додека е потребно“, додаде тој.

Оружјето на Хамас било во тунели, вклучително и ракетни фрлачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот