Сцена од „Господарот на прстените: Враќањето на кралот“, 2003 / Фото: The Hollywood Archive / Hollywood Archive / Profimedia

Откриена е актерската екипа за новиот филм „Господарот на прстените“ – еве кој ќе го глуми Арагорн

Во рамките на настанот „Синема кон“ во Лас Вегас, беше откриено кој ќе глуми во „Господарот на прстените: Ловот на Голум“, пренесува „Варајети“.

Претстојниот филм на Енди Серкис од универзумот на „Господарот на прстените“ ќе има премиера на 17 декември 2027 година.

Покрај режијата, Енди Серкис ќе се врати во улогата на Голум, Иан Мекелен повторно ќе биде Гандалф, Елајџа Вуд ќе се врати во толкувањето на Фродо Багинс, додека Ли Пејс повторно ќе го толкува Трандуил.

Нови актери кои ќе се приклучат на веќе познатата екипа се Кејт Винслет како Маригол и Лео Вудал како Халвард, а потврдено е и дека Џејми Дорнан ќе го толкува Страјдер, за кого подоцна се открива дека е Арагорн во романот.

„Господарот на прстените: Ловот на Голум“ ќе ја следи потрагата по расипаниот Хобит во годините пред настаните од „Дружината на прстенот“.

Сценаристите на филмската трилогија „Господарот на прстените“, Френ Волш и Филипа Бојенс, добија засилување во форма на Фиби Гитинс и Арти Папагеоргиу за адаптацијата на изворниот материјал.

Толкин ја напиша трилогијата „Господарот на прстените“ во 1950-тите, по успехот на „Хобитот“, а Питер Џексон ја адаптираше во филмови во 2001, 2002 и 2003 година, а потоа и „Хобитот“ во трилогија од 2012 до 2014 година.

Овие филмови означија важен момент во кинематографијата и постигнаа огромен успех на кино благајните, со речиси 3 милијарди долари заработка и 17 освоени Оскари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот