Откриен тунел во „Идризово“, затвореници со високи казни се подготвувале за бегство

Затворот во Идризово, Фото: МИА

Во затворот „Идризово“ откриен е тунел од шеталиштето на затворениот дел на затворот што води надвор од затворот, наменет за бегство на затвореници со високи казни. Оваа информација ја потврди директорот на Управата за извршување санкции, Јовица Стојановиќ.

Неофицијално, тунелот е во должина од околу 60 метри, а во него имало и потпорни греди. Тунелот се копал околу четири до пет месеци, а осветлувањето било решено со пуштен кабел и светилки.

На терен е увидна екипа на полицијата, а МВР најави повеќе детали за подоцна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот