Oткриен е мотивот на убиецот од Русија: „Тој пукаше од одмазда и омраза“

Министерството за внатрешни работи на Татарстан соопшти дека напаѓачот имал експлозивна направа и автоматско оружје.

Денеска тинејџер вооружен со експлозив и автоматска пушка уби осум лица во училиште во Казан, Русија. Меѓу убиените се седум деца и наставник.

Првичните информации беа дека станува збор за двајца напаѓачи, но подоцна официјалните лица потврдија дека масакрот го извршил тинејџер кој наводно завршил во тоа училиште. Неговиот татко рече дека тој не бил религиозен и не забележал никакви промени во однесувањето на својот син.

Министерството за внатрешни работи на Татарстан соопшти дека напаѓачот имал експлозивна направа и автоматско оружје.

Портпарол на регионалната влада рече дека 19-годишникот го посетувал училиштето пред неколку години.

Руската новинска агенција ТАСС објави дека името на напаѓачот било Илназ Гаjавиев, но тоа не било официјално потврдено.

ТАСС наведува дека луѓето кои го познавале напаѓачот на училиште изјавиле дека тој бил тивок ученик кој избегнувал конфликти.

Извор од полицијата за ТАСС изјавиил дека според прелиминарните податоци, младиот човек започна да пука од одмазда и омраза.

Рускиот премиер Михаил Мишустин рече дека чувствува голема тага поради пукањето.

„За почеток, би сакал да изразам сочувство на пријателите и семејствата на убиените во Казан“, рече тој на владиниот состанок. Знаете дека голема несреќа се случи во едно од училиштата наутро. Се пукало во деца. Ова е крајно нехумано и сурово. Ученици и возрасни починаа, и секоја таква загуба е голема тага”, рече тој, пишува Би-Би-Си.

Утрово вооружен напаѓач пукаше во училиштето бр. 175 во Казан, сместен на околу 820 километри источно од Москва.

Локалните власти велат дека најмалку осум лица биле убиени во нападот – седум ученици и наставници. Неколкумина беа ранети и пренесени во болница.

Уапсен е 19-годишен осомничен. Руски истражители велат дека осомничениот е поранешен ученик во училиштето за кој се верува дека „започнал да пука од одмазда и омраза“.

Иако пукотниците во училиштата се релативно ретки во Русија, претседателот Владимир Путин најави ревизија на законите за оружје во земјата.

Резада Котдусова е жителка на Казан, чиј сопруг работи во зграда покрај училиштето во кое се случило пукањето. Таа за Би-Би-Си изјавила дека нејзиниот сопруг и рекол дека се случува „нешто страшно“.

“Слушна сирени и виде како се приближуваат полицајци и амбуланти. Потоа излезе надвор да види што се случува и имаше многу луѓе. Тој рече дека луѓето му рекле дека слушнале експлозија и пукање. Беше прилично застрашувачко”, рече таа.

Според рускиот портал База, напаѓачот отворил свој блок на апликацијата Телеграм неколку дена пред нападот и се прогласил за бог.

Дваесет минути пред нападот, тој се фотографирал со маска на која пишува „бог“ и напишал дека ќе го нападне училиштето, а потоа ќе се застрела. Неговиот профил е избришан.

Снимките објавени на социјалните мрежи го покажуваат моментот на апсењето.

За време на нападот во училиштето имало 714 деца
Руската агенција ТАСС наведува дека нападот започнал во 9:20 часот по локално време. За време на нападот, во училиштето имало 714 деца и околу 70 вработени, од кои 52 биле наставници.

Извор близок до руската разузнавачка служба ФСБ изјави дека во врска со нападот бил уапсен и 41-годишниот Мухамедшин Рами. Тие се сомневаат дека тој учествувал во организирањето на нападот.

Порталот Бата ги објави првите снимки од училиштето каде се случил нападот.

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СНИМКИ I Трагедија во Русија: Најмалку 11 мртви откако две лица пукаа во средно училиште

Путин нареди промена на законот за оружје по пукањето во Казан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот