Лорин (Шведска), Каарија (Финска) и Ноа Кирел (Израел) / Фото: EPA

Откако на Лорин ѝ дадоа 340 бодови, започната петиција за укинување на жирито на Евровизија

Никако да стивнат вестите по завршувањето на Евровизија 2023. Откако шведската претставничка Лорин победи на Евровизија со песната „Tattoo“, многумина коментираа дека всушност стручното жири и помогнало да победи.

Имено, таа од жирито доби вкупно 340 поени. Членовите на стручното жири од дури 15 земји и доделија на Шведска најголем број поени и со тоа ја одведоа до победата. По Лорин, најмногу поени од жирито доби израелската претставничка Ноа Кирел со песната Unicorn, вкупно 177. Финецот Каарија, чија победа на Евровизија многумина ја посакуваа, доби само 150 поени од жирито. Публиката му даде дури 376 поени, додека Лорин доби многу помалку, 243 поени.

Поените кои жирито ги даде на Лорин стана мотив да се започне петицијата за укинување на стручното евровизиско жири. Досега го потпишале повеќе од 5.200 луѓе.

Фото: Принтскрин

Во образложението зошто е покрената петицијата за смена на жирито, се посочува дека долги години постојат несогласувања кај обожавателите на Евровизија за гласовите на жирито. Истакнато е дека петицијата е покрената поради гласовите што стручното жири и ги додели на Шведска на овогодинашниот избор за песна на Евровизија, кои не се во согласност со поширокото јавно мислење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот