Отфрлено обвинението против четворицата Хрвати за трговија со деца во Замбија

Деца од Африка/ Фото: Stuart Boulton / Alamy / Profimedia

Судот во Ндола, Замбија денеска го отфрли обвинението против хрватските државјани за трговија со деца и тие мора да ја напуштат земјата во рок од 48 часа, потврди хрватското Министерство за надворешни и европски работи.

Четири двојки од Хрватска беа уапсени на почетокот на декември на аеродромот во Ндола, третиот по големина град во Замбија, под сомнение за трговија со луѓе, односно поради сомнение за валидност на документите за посвојување малолетни деца од ДР Конго.

Тие се обвинети за обид за трговија со луѓе и фалсификување документи. Пред две недели тие беа пуштени од притвор да се бранат од слобода откако ги исполнија сите услови поставени од судот. По отфрлањето на обвинението, осумте Хрвати мора да ја напуштат Замбија во рок од 48 часа.

„За време на враќањето во Хрватска, како и во текот на целата досегашна постапка, надлежните органи на хрватските граѓани ќе им ја пружат сета потребна помош“, се вели во соопштението на хрватското МНР.

Се уште не се знае што ќе биде со децата кои четирите двојки ги посвоија, а кои им беа одземени по подигнувањето на обвинението.

Осум Хрвати уапсени во Африка во скандал со нелегално посвојување на деца кои добиле хрватски документи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот