Освои 160 милиони фунти на лотарија, си купи клуб и им го подари на навивачите

twitter/The Daily Record

Колин Вир кој во 2011 година освои 161 милион фунти на лотарија, деновиве стана мнозински сопственик на шкотскиот второлигаш Партик.

Вир кој е страстен навивач на овој шкотски тим, купи 55 проценти од акциите на клубот и веднаш направи неверојатен потег, акциите им ги подари на навивачите.

Навивачите отворија фирма „Thistle for Ever“ која ќе го координира преземањето на клубот, а привремената управа ќе биде комбинација на бизнисмени и претставници на наивачите.

Дека Вир е страстен навивач на Партик доказ е случката од 2011 година кога веднаш откако доби 161 милион фунти на лотарија, во клубот вложи 2.5 милиони, а за изградба на нов тренинг центар издвои шест милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот