Осуммина повредени во три големи пожари во Португалија (ВИДЕО) – Слободен печат
ВестиПланета

Осуммина повредени во три големи пожари во Португалија (ВИДЕО)

Едно лице се здобило со тешки изгореници од прв и втор степен и со хеликоптер веднаш е префрлен в болница во Лисабон.

Повеќе од илјада пожарникари учествуваат во гаснење на три големи пожари во централниот дел на Португалија, а властите наложија делумна евакуација на едно село од безбедносни причини.

Едно лице се здобило со тешки изгореници од прв и втор степен и со хеликоптер веднаш е префрлен в болница во Лисабон. Исто така, повредени се и седум пожарникари.

Гаснењето на огнот го отежнува силниот ветер кој од вчера попладне дува во Кастело Бранко, дистрикт кој е 225 километри оддалечен од Лисабон. Во гаснењето на пожарот на некои локации учествува и војската.

Португалскиот претседател Марсел Ребело де Соуза изјави дека внимателно ја следи ситуацијата.

Во јуни 2017 година во катастрофален пожар во Португалија загинаа 64 луѓе, а беа повредени над 250 лица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close