Осудениот судија Наќе Георгиев излегува порано од затвор, двапати му ја крателе казната
Поранешниот судија на Врховниот суд, кој беше фатен како прима поткуп од 10.000 евра, беше осуден на три години затвор
Осудениот врховен судија Наќе Георгиев кој беше осуден на три години затворска казна откако беше фатен како зема мито од 10 илјади евра, излегува десетина месеци порано од затвор. Георгиев поднел жалби и до Кривичниот суд и до Апелациониот суд, а казната затвор всушност му била скратена двапати.
Препорачано
-По исполнување на законските услови, до овој суд, како надлежен, поднесено е барање за условен отпуст. Судот одлучувајќи по истото, го прифати и определи осудениот условно да се отпушти од издржување на казна затвор на 20.09.2026 година, односно 8 месеци пред истекот на казната. Осудениот вложи жалба која Апелациониот суд Скопје ја прифати и одлучи осудениот порано за заврши со издржување на казната и да биде отпуштен на слобода на 20 јули годинава. Времето на условниот отпуст трае до завршување на определена казна, односно до 20.05.2027 година – соопшти скопскиот Кривичен суд.
Од статистиката на Основниот кривичен суд Скопје за 2026 година произлегува дека во одделот за кривично полнолетни се поднесени 69 барања за условен отпуст, од кои 43 се прифатени, додека дел од барањата биле повлечени од самите осудени лица.
Во Одделот за организиран криминал и корупција, пак, поднесени се 76 барања, од кои 40 се уважени.


