Остин: Конфликтот во Украина ќе се реши на преговарачка маса, кога – не се знае
Конфликтот во Украина на крајот ќе се реши на преговарачка маса, но невозможно е да се каже кога, изјави американскиот секретар за одбрана Лојд Остин.
„Мислам дека на крајот за овој конфликт ќе се реши на преговарачката маса, но кога ќе дојде тој момент, сè уште е тешко да се предвиди“, рече тој по состанокот на Контакт групата за одбрана на Украина (UDCG) во воздухопловната база Рамштајн во Германија.
„Ќе продолжиме да работиме за да ја ставиме Украина во најдобра можна позиција“ за мировни преговори, вети тој.
Тој истакна дека војната може многу брзо да заврши доколку рускиот претседател Владимир Путин одлучи да ги повлече своите војници од окупираните територии во Украина.
– Ова е нешто што Путин може да го заврши многу брзо ако само донесе едноставна и правилна одлука да го поништи она што го направил. Што се однесува до апсолутната победа, таа навистина зависи од тоа како ќе ја дефинирате. Украина е фокусирана на заштита на нејзината суверена територија, рече Остин на прес-конференција по состанокот на Контакт групата за одбрана на Украина во воздухопловната база Рамштајн во Германија.
Рускиот претседател Владимир Путин на Источниот економски форум (ЕЕФ) изјави дека Русија никогаш не ги одбила разговорите за Украина, но овие разговори треба да се засноваат на договорите од Истанбул, а не на некои „ефемерни барања“.