• остин

ВИДЕО: Со автомобил влетал во болница во Тексас, загина возачот

Возач загина, a најмалку пет луѓе се повредени кога автомобил денеска удрил во одделението за итна помош во болница во градот Остин во американската сојузна држава Тексас. Засега изгледа не се работи за намерен напад, туку за несреќа, соопштија од полицијата во Тексас, јавува Би-би-си. Видео од несреќата објавија локалните медиуми.