Основните училишта во Центар ќе спроведуваат онлајн настава

фото: илустрација

Обработки на лектири, тематски проекти, математички и логички задачи и проблеми, есеи ќе бидат дел од обврските на нашите ученици во овој период на домашен престој, велат од општината.

Договорен начинот и моделите на продолжување на наставниот процес преку електронски пат во Општина Центар. Градските власти и директорите на училиштата во оваа скопска општина договорија наставата да се спроведува на платформите Edmodo и Google classroom, како и веб-страниците на училиштата, мејлинг-листите и групите на Вибер и Фејсбук.

-Она што е многу важно е што учениците, покрај материјалите, ќе добиваат и задачи со точно утврдени рокови за изработка и доставување до наставникот по електронски пат. Обработки на лектири, тематски проекти, математички и логички задачи и проблеми, есеи се дел од обврските на нашите ученици во овој период на домашен престој. Целта е да не се изгуби континуитетот на наставата и учењето, а во исто време да се пополни слободното време на децата со активности соодветни на возраста, се вели во соопштението на Општина Центар.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот