Основачот на СЕФ: Иако во изминатите 50 години е постигнат голем напредок, во светот владее претеран песимизам

Фото: EPA-EFE/VALENTIN FLAURAUD

„Кој денес, на пример, сè уште зборува за аналфабетизам? Животниот век и квалитетот на живот се значително зголемени. Удвоен е бројот на население и има сè помалку луѓе кои живеат под границата на сиромаштија“, истакна тој во интервју за швајцарскиот дневен весник „Блик“.

Клаус Шваб, основач на Светскиот економски форум (СЕФ), кој почнува денеска во Давос, оцени дека во светот владее претеран песимизам, иако во изминатите 50 години е постигнат значителен напредок.

– Кој денес, на пример, сè уште зборува за аналфабетизам? Животниот век и квалитетот на живот се значително зголемени. Удвоен е бројот на население и има сè помалку луѓе кои живеат под границата на сиромаштија – истакна тој во интервју за швајцарскиот дневен весник „Блик“.

Според него, светот се наоѓа во преодна фаза, од повоениот свет кон нов поредок, кој треба да се обликува. – Оптимист сум дека тоа ќе успее. Со четвртата индустриска револуција мораме да пронајдеме нова содржина во животот, потенцира Шваб. Тој оцени дека смислата на постоењето сè уште е премногу дефиниран од производството и потрошувачката.

– Се дефинираме преку тоа која ни е положбата на работа, каков автомобил возиме, каков часовник имаме. Тоа ни дава смисла на животот. Со оглед на тоа дека за луѓето ќе има сè помалку работа, тоа ќе мора да се менува, а тоа значи дека ќе мора да делиме, на пример автомобили, и повторно повеќе да се грижиме едни за други. Ќе станеме поемпатично општество – вели Шваб.

Тој истакна дека ќе мораме да размислиме како ќе се разликуваме од роботите, а човештвото ќе има голема можност да стане цивилизација во која човекот е навистина во центарот на вниманието.

– Тоа ќе нè натера уште повеќе да размислуваме за смислата на животот. Во овој момент владее логиката – образование, работа, пензија, уживање до умирање. Во иднина образованието ќе трае цел живот, како и работата. Помалку но подолго – оценува основачот на СЕФ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот