Гитаристот на „Дуран Дуран“ откри дека има рак
Енди Тејлор (61), основач и гитарист на култната група „Дуран Дуран“, има рак на простата во стадиум 4, открија неговите колеги од бендот во саботата на церемонијата за воведување во Куќата на славните.
Препорачано
View this post on Instagram
Музичарот токму поради болеста не можел да присуствува на церемонијата, но затоа напиша писмо кое го прочита пејачот Сајмон Ле Бон. Меѓу другото, во писмото се наведува дека пред четири години му бил дијагностициран рак која метастазирал.
„Многу семејства искусиле што значи бавното „согорување“ што значи оваа болест и, се разбира, нашето семејство не е исклучок. Зборувам од перспектива на семеен човек, но со посебна понизност пред членовите на групата, најдобриот фанови кои може да ги има една група и оваа исклучителна свеченост. Примам исклучителна терапија за мојата болест, но неодамна дојде до назадување. Мојата состојба не е непосредна закана за мојот живот, но нема лек. И покрај вонредните напори на мојот тим, морам да бидам искрен дека и психички и физички јас сум на граница. Сепак, ова не треба да го одвлекува вниманието од она што бендот (со или без мене) успеа да го создаде и да се одржи за 44 години“, пишува во писмото на Тејлор.
A note from Andy Taylor. ?https://t.co/5p1D5KcjGB pic.twitter.com/yn4Q2DrSw7
— Duran Duran (@duranduran) November 6, 2022
Церемонијата за воведување во Куќата на славните требаше да биде повторно обединување на „Дуран Дуран“, чиј член беше Тејлор од 1980 до 1986 година и од 2001 до 2006 година. Свиреше гитара на првите три албуми, на кои беа хит песните, како што се „Rio“ и „Hungry Like the Wolf“.
„Имав живот полн со привилегии, бевме малку непослушни, но навистина фини, малку лежерни во облеката, но навистина убаво облечени, малку полни со себе затоа што имавме многу да дадеме, но како што реков многупати, кога ќе го почувствувате тој колективен, инстинктивен, семеен дух на креативност измешан со амбиција и неверојатно кул толпа обожаватели – што тука не може да биде во ред“, напишал Тејлор во писмото.
View this post on Instagram
Тој, исто така, напишал дека е многу разочаран што не може да биде таму со своите колеги од бендот – Ник Роудс, Џон Тејлор, Роџер Тејлор и Сајмон Ле Бон – и рекол дека дури купил нова гитара за да свири на церемонијата.


