Османи: Заложбата на Србија да ги опструира изборите, против Охридскиот договор

Вјоса Османи
Вјоса Омани / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Косовската претседателка Вјоса Османи ја обвини Србија дека отворено и континуирано се ангажира „да го спречи“ одржувањето на изборите на Косово.

Според Османи, ваквата заложба е спротивно на духот на Договорот за нормализација на односите, што страните го постигнаа во Брисел во февруари, но и на Анексот за имплементација на овој договор, кој беше постигнат во Охрид на крајот на март.

„Како таков, на овој пристап на Србија треба да му се спротивстави целиот демократски свет, бидејќи истовремено претставува чин на незаконско мешање од странство, акт што се казнува со низа меѓународни правни акти“, рече Османи.

Овие коментари Османи ги даде на средбата со првиот човек на Централната изборна комисија, Крешник Радониќи, еден ден по одржувањето на предвремените локални избори во четирите општини на северот на Косово, населени со мнозинство Срби.

Овие избори беа масовно бојкотирани од српското население, а излезноста, според ЦИК, беше само 3,47 отсто.

Според прелиминарните резултати, во трката за градоначалник во Северна Митровица и Лепосавиќ победија кандидатите на Движењето „Самоопределување“, додека во Звечан и Зубин Поток победија кандидатите на Демократската партија на Косово.

Од десет кандидати, само еден бил од српската заедница.

Српската Листа – главната партија на Србите во Косово – не учествуваше на изборите и повика на нивен бојкот.

Османи рече дека слабата излезност на изборите е поради тоа што жителите во тој крај биле подложени на „закани и уцени“ да ги бојкотираат изборите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот