Вјоса Османи / Фото: Архива на Слободен печат

Османи: Се надевам дека изборите ќе овозможат поскоро формирање влада

Косовската претседателка Вјоса Османи смета дека денешните парламентарни избори на Косово треба да резултираат со формирање на Собранието и владата што е можно поскоро, со цел да се подобрат потребните процеси за земјата, јави агенцијата Бета.

Се надевам дека нашата Република ќе има мирни, уредни и демократски избори. Се надевам дека ќе имаме избори со најголемо можно учество на граѓаните. Изборите се важен демократски процес. Се надевам дека резултатите ќе овозможат што е можно поскоро формирање на парламентот и владата, што е неопходно за важни внатрешни и меѓународни процеси за Косово, рече Османи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот