Османи разговараше со амбасадорите на членките на ЕУ, на агендата надворешно-политичките случувања

Последните случувања на надворешен план, со акцент на нашата ЕУ агенда и одржувањето на Советот за стабилизација-асоцијација за првпат во Северна Македонија, средбата во рамки на Косово-Србија дијалогот во Охрид, како и вчерашната посета на шефицата на германската дипломатија беа темите за кои министерот за надворешни работи Бујар Османи разговараше со амбасадорите на земјите членки на ЕУ, акредитирани во земјава.

– Одржувањето на Советот за стабилизација и асоцијација минатата седмица за првпат во Скопје, како и одржувањето на средбата меѓу српскиот претседател Вучиќ и косовскиот премиер Курти во Охрид е признание за новата улога на Северна Македонија во регионален контекст во насока на зачувување на регионалната безбедност и просперитет, промовирање на културата на дијалог и ЕУ перспективата на државите од Западен Балкан, изјавил Османи.

Според него, оваа интензивна надворешно-полтичка агенда претставува потврда за европската иднина на регионот.

Како што соопшти МНР, на средбата се разговарало и за следните чекори во однос на пристапниот процес на Македонија во ЕУ, со посебен акцент на досегашната успешна реализација на скринингот, потребата од донесување на уставните измени како наша преземена обврска, тековните предизвици во рамки на претседавањето со ОБСЕ и одржувањето на третото издание на Преспа форум за дијалог.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот