Османи: ДУИ реализираше внатрешен ветинг

Тој додаде дека ветинг ќе има и на листата за кандидати за пратеници и за идните министри, заменик министри и други државни функации.

Вицепремиерот Бујар Османи, денеска изјави дека неговата партија, ДУИ, има реализирано внатрешен ветинг и според кој десетици апликации за членство во ДУИ, биле отфрлени, бидејќи не ги исполнувале условите.

– Реформата 100% започна со целосно прегистрирање на членството на ДУИ, при што за прв пат во една политичката организација во земјата и во регионот при прифаќање на апликациите за членство, беше користен механизмот на ветинг, при што десетици апликации беа одбиени бидејќи апликантите не ги исполнуваа стандардите кој што ги очекува заедницата и граѓаните“, изјави Бујар Османи.

Тој додаде дека ветинг ќе има и на листата за кандидати за пратеници и за идните министри, заменик министри и други државни функации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот