Османи бара од Уставниот суд „да не дозволи Косово да биде заложник на Српската листа“
Претседателката на Косово, Вјоса Османи ги испрати своите коментари до Уставниот суд за жалбата на Српската листа во врска со методот на гласање за потпретседателите на Собранието, пренесува Коха.
Препорачано
Таа побара Уставниот суд да ја заштити Републиката од партијата на косовските Срби, за која рече дека има за цел да ја блокира државата. И секоја поинаква одлука на Судот во врска со случајот што Српската листа го испрати до Уставниот суд, рече таа, би го ризикувала опасното легитимирање на блокадите.
На прес-конференција, таа оцени дека блокадата на Собранието поради заменик-претседател сериозно ги поткопува неговата функционалност и институционалните вредности.
Османи рече дека Српската листа има за цел да ја блокира државата, додавајќи дека очекува Уставниот суд да ги препознае овие цели и да не дозволи Косово да биде заложник на политичка партија.
„Побаравме од Уставниот суд да не дозволи никому да има право на вето врз витални процеси за државата, како што е конституирањето на највисокиот орган на нашата држава, највисокиот претставнички орган. Секое друго утврдување ризикува легитимирање на опасни процедурални блокади на ниво на правно обврзувачката уставна норма“, рече Османи.


