„Оскар де ла Рента“ дебитира со воодушевувачка пролет/лето 2021 колекција од невестински фустани

Profimedia

Иако поради коронавирусот годинава сите свадби беа одложени, не значи дека младите невести треба да се откажат од сонот да бидат најубави на венчалниот ден.

„Љубовта секогаш победува, без разлика какви пречки се пред неа. Тоа е нагласено во нашата колекција од невестински фустани за пролет/лето 2021, кои се за сите модерни невести“ – стои во соопштението од модната куќа „Оскар де ла Рента“.

Profimedia
Profimedia
Оскар де ла рента
Profimedia
Оскар де ла рента
Profimedia
Оскар де ла рента
Profimedia

Според модните критичари, креативните директори Лора Ким и Фернандо Гарсија се надминале себеси со колекцијата. Нивните романтични фустани се за сите самоуверени жени кои сакаат да бидат забележени. Тоа се модерни, софистицирани фустани кои ја истакнуваат женственоста.

Фустанот со свилена органза со пердуви бил изработен за 1.600 часа, со сложена конструкција и посебна „ари“ техника за везење, која потекнува од Индија.

Едноставниот долг фустан станува неодолив со шалот изработен од нежни цветни ливчиња рачно шиени во големи цветови.

Колекцијата нуди драматични и гламурозни дизајни со деликатна изработка, што ги прави нежни и романтични. Дури и едноставните фустани без прерамки и други детали воодушевуваат со долниот волуминозен асиметричен дел.

Венчалните фустани од новата колекција креирани се за идните невести кои знаат што сакаат. Колекцијата ги поврзува вечната љубов, убавината и оптимизмот“- се наведува во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот