Осаменоста е повеќе штетна по здравјето отколку пушењето!

Фото Архива

Се помалку време за дружење и користиње на социјалните мрежи, влијае на здравјето. Политичарите во Берлин бараат да се постави „доверник за осаменост“. Не се работи за германски проблем – феноменот се прати од Јапонија до Америка.

профимедиа

Секое второ семејство во Берлин има само по еден член. Во градот со статус сојузна покраина, веќе има служба за помош на стари лица со телефон, професионално организирани забави за физички контакт со останатиот човечки род и Фејсбук групи за самопомош.

А, берлинскиот одбор на Демохристијаните на канцеларката Ангела Меркел сега бара главниот град да има – официјален комесар за осаменост – пишува РТС.

– Некој мора се да кординира и за тоа е потребно работно место со полно работно време – изјавил потпаролот на партијата – Мајкл Пен, објаснувајќи дека веќе не е доволно со тоа да се занимаваат само доброволци.

– Берлин како метропола која расте мора да го направи овој чекор – рекол Пен за јавниот сервис.

Осаменост во градот со 3,6 милиони жители

Според извештајот на берлинскиот дневник, минатата година се вклучиле 1.300 луѓе во борбата против осаменоста. Тоа може да звучи како голема бројка, но градот има 3,6 милиони жители и бројката секоја година се зголемува.

Во истиот дневник пишува дека најмалку 300 луѓе годишно умираат во своите станови, а тоа никој да не го забележи – некогаш и со недели. Не е ни чудно што Берлин во медиумите и на социјалните мрежи го доби името – престолнина на осаменоста.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот