ОРМ: Третиот сет мерки позитивно ќе влијае врз стопанството

Мерките од третиот пакет кои директно се насочени кон стопанството би требало да придонесат што повеќе компании погодени од кризата да ја одржат својата економска активност и да го рестартираат бизнисот, со што би избегнале стечај, ликвидација и отпуштање на сите свои вработени.

Првичната оценка за третиот пакетот мерки за ублажување на штетите од пандемијата предизвикана од вирусот Ковид – 19 на Организацијата на работодавачи на Македонија е дека тие позитивно ќе се одразат врз стопанството во земјава но крајниот став, како што велат, ќе го дадат откако мерките ќе бидат преточени во уредби со законска сила.

– Конечниот став ќе може да го кажеме откако најавените мерки ќе бидат преточени во Уредби со законска сила, затоа што во уредбите понекогаш се предвидуваат некои критериуми кои преставуваат пречка за користење на мерките, па така и добри идеи на Владата добиваат лоша реализација, велат од ОРМ.

Од таму побараа, пред нивно конечно донесување Владата да се консултира и со бизнис заедницата и истите да се разгледаат од страна на националниот економско-социјален совет.

Според ОРМ, мерките од третиот пакет кои директно се насочени кон стопанството би требало да придонесат што повеќе компании погодени од кризата да ја одржат својата економска активност и да го рестартираат бизнисот, со што би избегнале стечај, ликвидација и отпуштање на сите свои вработени.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот