ОРКА Холдинг: ВМРО-ДПМНЕ ни го исплати цел долг со камати

Фото: Слободен печат

Од ОРКА велат дека во досегашното 30-годишно постоење на компанијата не постои записник ниту од Управата за јавни приходи, ниту од Финансиска полиција или Финансиско разузнавање што констатирал било каква неправилност.

Бизнисменот Орце Камчев ги отфрла обвинувањата дека ОРКА Холдигот или некоја компанија што е дел од групацијата ја финансирала политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Во реакцијата од ОРКА се наведува дека оваа партија имала долг кон една од фирмите од холдингот (Монт) кој, тврдат од таму, е комплетно исплатен со пресметани камати.

Воедно, оттаму посочуваат дека Државниот завод за ревизија нотирал дека нема ништо спорно во финасирањето на претседателската кампања на Гордана Силјановска – Давкова во 2019 година.

-Според мислењето на овластениот државен резивор, сите активности, финансиски трансакции и информации рефлектирани во Вкупниот финансиски извештај на изборна кампања во сите материјални аспекти се во согласност со релевантна законска регулатива, упатства и воспоставени политики. Со мислењето добиено во извештајот на ДЗР во целост се негираат сите обвинувачки тврдења кои беа изнесени на сметка на Орка Холдинг и Јордан Камчев. Очекуваме едно од многуте партиски соопштенија во кои ќе се повикаат да одговараат за криминал сите оние кои оние згрешиле пред законот. Потполно го поддржуваме тој пристап под услов истото да не се прави селективно како досега. Нека се расчистат сите криминали и нека одговараат сите одговорни, со што точно ќе се разоткријат редица на нелегални финансирања на политичари и посредници кои со децении живеат на грбот на приватниот бизнис во Македонија- се наведува во реакцијата од ОРКА.

Реагирајќи кон изјавите на лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој во неколку наврати обвинува дека Камчев го финансира ВМРО-ДПМНЕ и дека станува збор за криминална спрега, од ОРКА велат дека во досегашното 30-годишно постоење на компанијата не постои записник ниту од Управата за јавни приходи, ниту од Финансиска полиција или Финансиско разузнавање што констатирал било каква неправилност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот