Оригинален рецепт за македонски пинџур: Повкусен од лутеница, сериозна конкуренција на ајварот
Покрај ајварот и лутеницата, пинџурот е омилен намаз без која не можеме да си ја замислиме македонската трпеза, особено зимницата. Пинџурот е изворно македонско јадење, но рецептот брзо се раширил низ целиот Балкан.
Препорачано
Овој специјалитет ја краси трпезата на сите земји во регионот, а ние обожаваме да го јадеме „рамо до рамо“ со ајварот!
Состојки:
– 1,5 кг печени пиперки
– 800 г печен модар патлиџан
– 400 мл густ сок од домати
– 50 г лук
– 3-4 дл масло
– 40 г сол
– 1 лажица шеќер
– 1 лажица оцет
– 2 лути пиперчиња (по желба)

Подготовка:
Испечете ги пиперките и модрите патлиџани и излупете ги. Измелете ги модрите патлиџани и лукот. Расцепкајте ги пиперките. Ако ви е полесно, можете да ги измелете пиперките, наместо да ги цепкате.
Во тенџере загрејте масло, па додајте ги пиперките.
Пржете ги 15-тина минути, потоа додајте го модриот патлиџан и постепено додавајте го доматот. Крчкајте ги на ниска температура околу половина час.
Задолжително промешувајте често, бидејќи патлиџанот лесно се лепи. На крајот, додајте сол, шеќер и оцет. Проварете уште некоја минута, па сипете го пинџурот во стерилизирани тегли. Оставете го да се излади.
Добар апетит!


