Организаторите на Парк фестивал: За четиридневна програма добивме 2,5 илјади евра

Организаторите на манифестацијата Парк Фестивал од Гостивар искажуваат незадоволство од исходот на конкурсот на Министерството за култура за поддршка на проекти. Организирањето на петтото издание ова лето е неизвесно заради, како што наведуваат, недостиг од финансиски средства.

– Буџетот што го одвои Министерството за култура на Република Северна Македонија за петтото издание на овој фестивал, освен што е целосно недоволен за организација и реализација на фестивал од ваков обем, во исто време е морално потценување како за тимот, така и за пошироката публика, наведуваат од организацискиот одбро на парк Фестивал и дополнуваат дека споредно со претходната година сега добиле износ за 14 пати помал.

Тие апелираат до јавноста и до институциите да влијаат и да придонесат за да се преиспита одлуката, која според нив е неправда или несакан пропуст.

Изминативе четири години Парк фестивал ја добиваше поддршката од Министерството за култура, а институцијата воедно беше и најголемиот финансиер. Годинава за петтото издание, поддршката ќе изнесува 153 илјади денари.

– Не сакаме да веруваме дека поради слични причини на граѓаните и особено на младите гостиварци треба да им се скрши надежта и довербата во институциите. Се надеваме дека оваа одлука и овој пропуст нема да се додаде на долгата листа на изговори на нашата младина, за бегство и напуштање на државата, наведуваат од Парк фестивал.

Манифестацијата покрај концертни настапи на артисти од регионот има мултиетнички карактер кој е изразен во дополнителните активности кои се одвиваат за време на одржување на фестивалот. Местото на одржување е големиот парк на брегот на Вардар и во летниот период е централен културно уметнички настан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот