
Орбан со закон го забрани Прајд во Унгарија
Унгарскиот претседател го потпиша законот предложен од владејачката партија Фидес на Виктор Орбан, со кој се забранува годишната Парада на гордоста, пркосејќи им на критиките од групите за човекови права кои велат дека законот ја ограничува слободата на собирање.
Препорачано
Вчера попладне, демонстрантите блокираа мост во центарот на Будимпешта, откако законот беше усвоен од парламентот.
Опозицијата реагираше за време на гласањето со фрлање димни бомби во парламентот додека се слушаше руската химна. Тие дури фрлија и фотографии на кои се бакнуваат премиерот Виктор Орбан и рускиот претседател Владимир Путин.
‼️JUST IN: #Hungary‘s ruling party Fidesz-KDNP voted yes to ban the Pride march and impose fines on organisers and people attending the event .
Opposition party Momentum burnt smoke candles in Parliament to protest the measures. pic.twitter.com/4i6EhcsBcr
— Viktória Serdült (@viktoriaserdult) March 18, 2025
Предлог-законот, поднесен во понеделникот на 17 март, беше одобрен по вонредна постапка со големо мнозинство од владејачката коалиција поддржана од пратениците од екстремната десница (136 гласа „за“, 27 против.
Претседателот Тамаш Сулик, поранешен претседател на Уставниот суд, кој беше избран на функцијата пред една година од парламентарното мнозинство Фидес, го потпиша законот. Неговата канцеларија не одговори на барањето на Ројтерс за коментар денеска.
Законот ја забранува Парадата на гордоста со образложение дека може да биде штетна за децата. Исто така, предвидува дека полицијата ќе може да користи камери за идентификација за да ги идентификува луѓето што учествуваат на парадата и да им наметнува казни на учесниците.
Орбан, кој управува со нестабилна економија и невиден предизвик од новоформираната опозициска партија пред изборите во 2026 година, отсекогаш бил критичен кон ЛГБТК+ заедницата.
Неговата политика често го доведува во конфликт со останатите земји од ЕУ.
Европскиот комесар за хуманитарна помош и управување со кризи, Хаџа Лабиб, напиша на Икс дека „правото на мирно собирање е основно право, кое треба да се почитува во цела ЕУ“.
Мајкл О’Флаерти, комесар за човекови права на Советот на Европа, независна институција која ги брани човековите права во Европа, рече дека е „екстремно загрижен“ за новиот закон и доцна синоќа го повика унгарскиот претседател Шулок да стави вето.
Од своја страна, либералниот градоначалник на Будимпешта Гергели Караскони, исто така, го критикуваше законот, велејќи дека овогодинешната парада „ќе биде поголема од кога било“.
Организаторите рекоа дека планираат да продолжат со овогодинешната парада, која е закажана за 28 јуни, и покрај забраната.
„Будимпешта е градот на слободата, ќе има парада“, рече Караскони.