Општинскиот Црвен крст од Гостивар ќе добие 150 илјади денари од општината

Таравари им се заблагодари на сите кои членуваат во кризниот штаб и соопшти дека состојбата во општините Врапчиште, Маврово-Ростуше и Гостивар е стабилна.

Локалната самоуправа ќе издвои 150.000 денари за потребите на општинската организација на Црвениот крст. Одлуката ја соопшти градоначалникот на Арбен Таравари и најави дека уплатата ќе биде извршена уште денеска.

Тој искажа задоволство од соработката на институциите кои членуваат во кризниот штаб и кажа дека состојбата во трите општини Врапчиште, Маврово-Ростуше и Гостивар е стабилна.

Вкупниот број на лица, спроведени во државен карантин е 180, а 91 лице имаа потпишани изјави за самоизолација. Покрај ова, реaлизирани се 33 контроли на лица со решенија за изолација, издадени од Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот