Општина Карпош: Инвестицијата ќе ја зголеми понудата на станови и ќе обезбеди повеќе од 2.000 работни места
Денешниот протест против изградбата на висококатницата позади безниската станица и поликлиниката „Букурешт“, според Општина Карпош бил политички организиран, не ја изразува волјата на мнозинството граѓани, а за време на одржувањето на протестот биле навредувани службите, вработените и градоначалникот на Општината.
Препорачано
Општина Карпош продолжува да се развива. Ова е наша последна инвестиција која успеавме да ја донесеме која носи со себе вработувања, развој и комуналии кои ќе значат проекти за граѓаните на Карпош. Општина Карпош во изминатиот период интензивно работи на создавање на услови за нови инвестиции. Градоначалникот Јакимовски и општинската администрација овозможија да се оствари капитална инвестиција во станбена изградба во вредност од 50 милиони евра – соопштуваат од Општината.
Оттаму сметаат дека оваа инвестиција ќе ја зголеми понудата на станови во општината, ќе влијае на стабилизација на цената, и во исто време ќе обезбеди повеќе од 2.000 работни места.
Во оваа седумнаесеткатница која ќе се гради во Карпош 3, ќе работат голем број на армирачи, тесари, ѕидари, лимари, бравари, плочкари, електричари, столари, фасадери, електроничари, а во деловните простори и во фирмите што ќе бидат таму сместени ќе работат преку 300 инженери економисти, трговци итн. Ваквите инвестиции влијаат на порастот на животниот стандард, обезбедуваат полна вработеност и влијаат на развојот на општината во целина – тврдат од Карпош.


